МРТ привремено не го презема Дојче веле
20 мај 2011Почитувани корисници,
Од нашиот партнер Македонска Радиотелевизија на ден 20.05.11 бевме информирани дека од недела, 22 мај, привремено ќе престане да ги пренесува нашите емисии на македонски јазик во 08 часот и 30 минути и во 16 часот и 30 минути, кои можевте да ги следите преку брановите на Првата програма на Македонското радио, и во 15 часот на Втората програма, како и емисијата на албански јазик во 08 часот и 30 минути.
Нашиот долгогодишен партнер овој потег го образложува со потребите од програмски простор за емитување на изборните платформи на сите партии што ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори во Македонија. Прекинот, според плановите на Македонската Радиотелевизија, ќе трае до крајот на изборниот процес во Македонија.
Дојче веле и во тој период ќе продолжи да подготвува и емитува програма, која ќе можете да ја следите преку другите наши партнери, и, како и досега, ќе биде пренесувана и преку сателит. Содржините на емисиите ќе можете да ги најдете и на нашата интернет-страница, на познатата адреса www.dw-world.de/macedonian
Ве молиме за разбирање за новонастанатата ситуација во која сме доведени и Ви благодариме за верноста. Останете и натаму со нас.