Москва ја одбележува 60 годишнината од победата над фашизмот
9 мај 2005Звуците на камбаните на Црвениот плоштад во Москва го означија почетокот на одбележувањето на 60 годишнината од победата над фашизмот. 7000 војници и 2600 ветерани на голема воена парада на црвениот плоштад пред лидерите на над 50 светски држави дефилираат во знак на почит и сеќавање на историската победа пред шест децении.
„Драги граѓани на Русија, почитувани гости, другари војници старешини офицери генерали адмирали! Ве поздравувам на јубилејот на големата победа, со празникот на мирот, на победата над доброто над злото, победата над тиранијата, која никогаш не ја делевме на своја или туѓа „ рече рускиот претседател Владимир Путин, во поздравниот говор пред присутните претседатели и шефови на влади од на педесет земји од светот, Путин додаде дека Русија секогаш ќе ја памети помошта од сојузниците, во битката во која над 26 милиони руски државјани ги дадоа своите животи
Гостите на свеченоста, меѓу кои се наоѓаат и германскиот канцелар Герхард Шредер, по парадата, заедно со руското државно раководство положија венци на гробот на незнајниот јунак кој се наоѓа непосредно пртед зидините на Кремљ.
Точно напладне рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ ќе одржи прием за странските делегации и воените ветерани.
Целата воена парада беше пропратена со огромни мерки за безбедност, властите им советуваа на граѓаните на Москва да останат во своите домови заради страв од евентуални терористички напади.