1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Монти го претстави новиот состав на кабинетот

16 ноември 2011

Мандатарот за состав на новата италијанска влада Марио Монти го претстави новиот состав на кабинетот.

https://p.dw.com/p/13Bc5
Марио МонтиФотографија: dapd

По разговорите со претседателот на земјата Џорџо Наполитано, на која ја претстави својата програма, Монти изјави дека тој самиот ќе биде надлежен и за министерството за економија. Шефот на банката „Интеза Санпаоло“, Корадо Пасера, треба да биде нов министер за инфраструктура и индустрија. Владата на Монти се состои исклучиво од експерти. За новиот кабинет парламентот треба да се изјасни до петок. При претставувањето на својот кабинет, Монти изјави дека сака да даде импулс на економскиот раст на Италија. Тој го изрази надеж дека неговата нова влада од технократи ќе ја врати довербата на пазарите во Италија и ќе ја смири напнатоста во италијанската политика. Освен тоа, новиот премиер изрази почитување кон претходникот на оваа функција Силвио Берлускони.

Автор: ЕМФ/дв/миа

Редактор: Борис Георгиевски