ММФ ја фали Германија
17 декември 2006Германија чекаше долго и годинава е конечно на целта – ММФ наголемо го фали економскиот развој во земјата: ”Очигледно на германската економија годинава и оди подобро отколку минатите години”, изјави заменикот директор на одделот на ММФ за Европа, Ајај Хопра. Тој е особено задоволен од политиката на штедење на германската влада: ”Во оваа сфера големата коалиција беше доследна и заслужува пофалба за консолидацијата на буџетот. Понекогаш се вели дека е тоа само знак за зголемување на даноците, но според наше мислење не е така.”
Токму спротивното – владата повеќе ги затегнала издатоците отколку што се очекувало. И, како што бара и ММФ, така треба и да остане: ”По 2007 година мора да се најдат нови начини на штедење за да се продолжи со консолидација на буџетот и до 2010 година да може да се порамни структурниот дефицит.”
Покрај сите пофални зборови, Хопра нагласува дека реформите мора да продолжат, што особено се однесува на здравствената реформа, која е недоволна: ”Сеуште има многу проблеми со кои треба да се излезе на крај за да се зајакне порастот, да се намали високата квота на невработеност, да се зајакне благосостојбата и економијата да се направи поотпорна на шокови.”
Како што на пример се растечките цени на нафтата, кои сеуште можат да ги загрозат прогнозите за економски проаст за наредната година.