ММФ ги деблокира парите за Грција
17 јануари 2013Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) вчера деблокира две транши од помошта за Грција во вредност од вкупно 3,2 милијарди евра кои беа замрзнати неколку месеци заради стравувања поврзани со огромниот долг на Атина. По неколкумесечни преговори ММФ успеа да постигне во крајот на 2012 година со Атина и партнерите од тојката (ЕУ и ЕЦБ) договор за деблокирање на исклучително важната помош за државата која е во рецесија. Напорите за штедење на Грција се „вредни за почит“ истакна шефицата на ММФ Лагард по повод деблокирањето на парите за Атина.
Грчкиот министер за финансии Јоанис Стурнарас се надева дека по многуте години рецисија Грција првпат во 2013 ќе забележи конјуктурен пресврт.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле е исто така оптимист во надминувањето на еврокризата. Повикувајќи се на напредокот на Грција и другите земји западнати во економски прблеми, Ирска, Португалија и Шпанија, Шојбле истакна:
„Ова зборува во прилог на тоа дека меркте кои ги презедовме минатите години беа вистинските и се успешни. Ако продолжиме по овој пат, има многу основа да се верува-најтешкото е зад нас“.