1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МКГ: 2005-та година пресудна за Косово

22 јануари 2005

Западните влади и администрацијата на Он на Косово мораат оваа година да одлучат за статусот на покраината. Во спротивно, ќе се соочат со ризикот од обновување на кризата на Балканот, предупредуваат експертите од Меѓународната кризна група во својот најнов извештај.

https://p.dw.com/p/AcxC
Војници на КФОР на Косово
Војници на КФОР на КосовоФотографија: AP

,, Истекува времето за донесување одлука за конечниот статус на Косово,, се вели во рапортот на Меѓународната кризна група, што официјално ќе биде објавен в понеделник.

,, Или во 2005-та ќе се постигне значаен напредок во одредувањето на конечниот статус, што ќе допринесе за зацрврстување на мирот и развојот, или постои опасност на Косово повторно да дојде до конфликти што ќе предизвикаат нестабилност во регионот,, оценуваат кризните експерти.

Тие укажуваат дека косовските Албанци се фрустрирани поради нерешениот статус и дека би можеле еднострано да делуваат, доколку меѓународната заедница не почне да се изјаснува околу нивните аспирации кон независност.

,, Во такви околности, кога се зема во предвид лошиот однос на косовските Албанци кон малцинствата, косовските Срби би можеле да ги повикаат вооружените сили на Србија да ги бранат, а во регионот би дошло до нови судири,, се наведува во извештајот.

Невладината организација со седиште во Брисел предлага генералниот секретар на ОН Кофи Анан да именува спрецијален претставник за да се помогне во постигнување договор, што би се усвоил на меѓународна конференција.

,, Ако новата влада на Косово сака да ги поведе своите граѓани кон толку посакуваната независност, пишува во извештајот, мора да се осигураат почитувањето и заштитата на правата на косовските Срби и другите малцинства.

Претставници на меѓународната администрација на Косово и контакт групата укажаа дека разговорите околу конечниот статус на покраината би можеле да почнат средината оваа година, ако косовските власти постигнат напредок во исполнувањето на стандардите.

Во најнповиот рапорт на Меѓународната кризна група, исто така, се укажува дека пред почетокот на разговорите сите страни би требало да се согласат со принципите дека Косово не треба да се присоедини кон соседна Албанија, дека нема да има поделба на покраината и оти дури и во случај на постигнување договор, меѓународната заедница треба да биде присутна на Косово.