1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МКГ предупредува: можна е нова криза на Косово

4 јануари 2005

На Косово постои посебен ризик од натамошен конфликт во месецот кој е пред нас, оценува Меѓународната кризна група во најновиот извештај.

https://p.dw.com/p/AcyN

Аналитичарите на МКГ сметаат дека тужбата против новиот косовски премиер Рамуш Харадинај би предизвикала опасна политичка криза и бунт во Харадинаевото родно западно Косово.

Според оценките на аналитичарите белчградските авторитети и медиуми имале провокативна агенда. Ги преместиле трупите спрема Албанците населени во Јужна Србија кои се ослонуваат на Косово, ги поддржале заканите дека ќе се повторат блокадите на патиштата кои го предизвикаа албанското насилство во март лани, а исклучувањето на струјата на србите кои не ги плаќаат сметките го претставиле како етничка дискриминација.

Како потенцијлано ново кризно жариште во јануари 2005

од страна на Меѓународната кризна група е посочено единствено Косово, кое во оценката за декември се наоѓа во групата наречена непроменета ситуација, во која се наоѓаат и Македонија, Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во овој регион тензиите со меѓународната заедница се засилени поради потегот на високиот претставник Педи Ешдаун против Република Српска во Босна и поради исклучувањето на струјата на косовските срби. Војската на Србија и Црна гора ги помести борбените единици на југ и го пресели главниот штаб на копнените сили од Белград во Ниш, стои меѓудругото во најновиот извештај на Меѓунаорндата кризна група.