Мировниот квартет со порака до новата палестинска влада
22 март 2007Реклама
Таканаречениот мировен Квартет за Блискиот Исток ја повика новата палестинска влада на национално единство да го признае Израел . Истовремено до неа е упатен апел да го сузбие насилството. Изјавата подготвена од американското министерство за надворешни работи е прва официјална реакција на меѓународниот посреднички квартет на стапувањето на власт на новата палестинска влада составена од припадници на радикално исламистичката група Хамас и умереното движење Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас.