Меѓусебни обвинувања во парламентот
28 февруари 2008Реклама
Синоќешниот обид за напад врз грчката амбасада во Скопје, беше повод за меѓусебни обвинувања меѓу позицијата и опозицијата во македонскиот парламент. Премиерот Никола Груевски и министерството за внатрешни работи тврдат дека групата од неколку стотици млади била командувана од СДСМ. Реплицираше лидерката на оваа партија Радмила Шеќеринска која ја обвини владата дека бара алиби за меѓународната изолација на земјата и лошата преговарачка позиција во врска со името.