1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународната заедница е против резолуција за независност на Косово

16 ноември 2005

Воочи почетокот на преговорите за статусот на Косово, меѓународната заедница ги предупреди властите во Приштина да не не ја усвојуваат за утре планираната резолуција за независност на Косово.

https://p.dw.com/p/AcdZ
Сорен Јесен Петерсен
Сорен Јесен ПетерсенФотографија: AP

Предлог резолуцијата се наоѓа на дневниот ред на утрешната седница на косовскиот парламент.

По шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен, и шефот на американската канцеларија во приштина Филип Голдберг ги повика пратениците од косовскиот парламент да не ја усвојуваат предлог реѕолуцијата за независност на Косово. Тоа, според него, ќе биде едностран чекор.

Петерсен, претходно нагласи дека ОН не можат да поддржат донесување на таква резолуција. ,, Парламентот на Косово може да усвои резолуција што ќе ја определи само општата ориентација на преговорите, како и тоа кои претставници ќе учествуваат во разговорите за независност на покраината,, рече шефот на УНмик, а неговата портпаролка Хуа Јанг појасни:

„Јас мислам дека позицијата на шефот на УНМИК не е променета Тој на неколкупати го повтори својот став дека е за една резолуција која ќе преставува платформа за натамошните преговори околу идниот статус на Косово“

Претседателот на Косовскиот парламент Неџат Даци веднаш реагираше- тој рече дека институциите треба да ја иѕраѕуваат политичката волја на народот на Косово и дека околу барањата ќе се договори со претседателот Ибрахим Ругова и со политичките лидери во покраината.

Но наспроти сугестиите на меѓународните фактори, четирите водечки парламентарни партии на Косово најавија дека утре ќе гласаат за резолуцијата, како платформа за претстојните преговори за статусот на Косово. Сепак, од Приштина се најавува дека шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен може да ја прогласи резолуцијата за неважечка, доколку таа налегува во овластувањата реѕервирани само за специјалниот претставник на ОН за Косово.

Во меѓувреме, во српското собрание стигна владината предлог резолуција во која се нагласува дека државната заедница, во процесот на преговорите за статусот на покраината, нема да дозволи отцепување на дел од нејзината територија.

За текстот, во кој евентуалното отцепување се дефинира како правно насилство над една демократска држава, српскиот претседател Борис Тадиќ рече:

,, Јас се залагам за зачувување на сите држави во постојните граници. Во тој контекст и за зачувување на суверенитетот и териротријалниот интегритет на Србија над Косово и Метохија. Јас го кажав својот став, дека предлогот може да биде во насока на создавање еден процес на децентрализација кој на крај ќе има за цел создавање на два ентитета, српски и албански, изјави Тадиќ вчера во Москва, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

,,, Ниту една резолуција на собранието или владата на Србија нема да влијае на идниот статис на Косово,, реагираше веднаш потоа косовскиот премиер Бајрам Косуми.

Воочи почетокот на преговорите за косовскиот статус, се почести се дебатите и гласните ставови околу иднината на покраината. На неодамнешниот собир во германскиот град Вупертал посветен на Косово, еден од главните организатори, професорот Ханс Јоаким Нисен, рече:

,,Најважно е Косово да добие независност. Тоа ќе биде и цел на покраината во претстојните преговори кои ќе се водат под покровителствбо на ОН . И покрај спротивставувањето на српската влада јас мислам дека Косово ќе постигне незавсиност.,, рече Нисен.