Mondphasen
22 јули 2009Една шега меѓу астрономите вели дека е тешко да се одреди точната маса на месечината, зашто природниот сателит постојано слабее и се здебелува. Месечината тежи добри 73.000.000.000.000.000.000.000 килограми - или една осмина од тежината на планетата Земја. Дали месечината на нашето небо се здебелува или слабее, не зависи само од сонцето или од тоа на која точка од нејзината орбита околу Земјата се наоѓа. Имено, таа не свети сама од себе. Ја гледаме само поради тоа што сонцето ја осветлува.
Ако месечината се наоѓа точно наспроти сонцето, погледнато од Земјата, тогаш целиот месечев диск е осветлен и тоа го означуваме како полна месечина. Ако, пак, месечината се наоѓа меѓу Земјата и сонцето, тогаш страната на месечината што е свртена кон Земјата е темна - тогаш имаме млада месечина. Во овој момент другата страна на месечината, што ние никогаш не можеме да ја видиме од Земјата, е целосно осветлена од сонцето. Тоа значи дека таа нема „темна страна“ - сеедно во која фаза се наоѓа, едната половина од месечината е секогаш осветлена.
Правилата се едноставни
Месечината орбитира околу Земјата, еднаш за 28 дена, на растојание од 356.000 до 407.000 километри. Набљудувано од Земјата, таа постепено ги поминува сите фази - од млада до полна месечина и обратно. Таа имам дијаметар од 3.476 километри.
Дали често, гледајќи ја полната или млада месечина, се прашувате дали таа „ослабела“ или „се здебелила“? Ако се наоѓа на десната страна од нејзината орбита, тогаш се здебелува. Ако е на левата страна, ослабува. Ова правило, се разбира, не би важело на јужната хемисфера, бидејќи таму месечината би ни стоела над главата.
Или, уште поедноставно: ако месечината навечер се гледа, значи се здебелила. Ако се гледа наутро - ослабела. Ова правило важи каде било да сте во светот, и на северната и на јужната хемисфера.
Автор: Дирк Лоренцен/Трајче Тосев
Редактор: Александра Трајковска