Меркел ќе оди во посета на Полска
16 март 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска заминува во дводневна посета на Полска, каде ќе разговара за подобрување на затегнатите германско – полски односи. Полските претставници уште еднаш ја нагласија потребата од разјаснување од спорните теми, меѓу кои се и планираниот германско руски гасовод и можните барања на протераните Германци. Меркел во Варшава ќе се заложи и за пробив околу закочениот проект со ЕУ Уставот, кој во сегашната форма Полска го одбива.