1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел се надева Македонија наскоро да влезе во НАТО

26 март 2009

Пред јубилејниот самит на НАТО, канцеларката Ангела Меркел во Бундестагот говореше за значењето на Алијансата за Германија, за партнерствата и за новите членки.

https://p.dw.com/p/HJy7
Германската канцеларка на денешното обраќање во БундестаготФотографија: AP

Германската канцеларка, Ангела Меркел, се заложи за темелно стратешко преориентирање на НАТО. Кратко пред јубилејниот самит на Сојузот, закажан за крајот на наредната недела, Меркел во Бундестагот говореше дека НАТО во иднина треба многу повеќе да соработува со другите организации, како ОН и останататите невладини организации. „Иако можеби ова звучи едноставно, во суштина е револуционерно“, нагласи Меркел.

Но, ова не значи и Алијанса која ќе делува на глобално светско ниво, туку ќе биде сконцентрирана на нејзините членки и задачите кои тие ги преземаат. Таа потсети дека за Грузија и Украина остануваат евроатлантските перспективи, а на јубилејниот состанок на врвот, ќе бидат поздравени новите членки Албанија и Хрватска.

Не смеат да се дозволат стари размислувања

Ohrid - NATO Treffen in Mazedonien
Од средбата на министрите на НАТО во ОхридФотографија: MIA

„Се надевам дека во блиска иднина и членството на Македонија во НАТО ќе биде возможно и нема да пропадне заради проблемот со името. Ова го истакнувам зашто проширувањето на Алијансата е значајно и не треба да биде ставено во втор план", истакна Меркел потсетувајќи: "Тому ние Германците добро знаеме дека слободиот избор за приклучување е големо добро. Не смее да се дозволи некои да вметнуваат сопствени правила преку вето и стари размислувања", заклучи канцеларката.

За значењето на Алијансата за новите членки Меркел цитираше дел од интервјуто на албанскиот премиер Сали Бериша за ФАЦ, во кое тој вели дека дека "целта на НАТО е непријателите да ги направи пријатели". Но, како што дополни социјадлемократот Валтер Колбо, истовремено и да ги задржи пријателствата, конкретно осврнувајќи се на Македонија и грчкото вето во Букурешт минатаиот април.

"Не може поради спорот со името на една НАТО-членка да се блокира вклучувањето на една мала значајна земја како Македонија, која се грижи за интеграцијата на етничките групи, која прави толку многу. Во екот на Косовската војна, пред 10 години, бев одговорен за координацијата на хуманитарната помиош и престојував во Македонија, во Албанија и на Косово. Видов многу. А проблемите на Косово се` уште ги има. Мораме да гледаме и на случувањата во Газа, во Судан, Кавказот. Важно е НАТО, ЕУ, ОБСЕ заеднички да соработуваат и да делуваат превентивно. На НАТО треба да се гледа како заедница на вредности, но и на превенција", истакбна Колбо.

Нема потреба од повеќе војници во Авганистан

Kroatien Flagge
На самитот наредната недела ќе бидат поздравени новите членкиФотографија: AP

Што се однесува до ангажанот на германските трупи во Авганистан, канцеларката истакна дека Германија може да биде задоволна од она што го постигнале од 2002 година наваму и не гледа потреба за зголемување на бројот на војниците. Меркел ќе го застапува ова и на самитот наредната недела. Новиот американски претседател, Барак Обама, во изминативе месеци постојано бараше поголем ангажман од сојузниците.

Германската канцеларка го истакна и значењето на Сојузот за Германија. „Германија и` е благодарна на Алијансата и на солидарноста на нејзините членки“, нагласи Меркел. Таа исто така потсети и на пријателските односи со Франција, која на самитот на трети и четврти април и официјално ќе се врати во командните структури на НАТО.

Автор: Силвера Падори

Уредник: Трајче Тосев