1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

180208 Deutschland Kosovo

Бетина Маркс 18 февруари 2008

Тој случај не може да се спореди со ниеден друг, рече германскиот канцелар Ангела Меркел на прес-конференција во Здружението на странските новинари во Берлин. Воздржани реакции во Германија на независноста на Косово

https://p.dw.com/p/D9G0
Канцеларот Ангела МеркелФотографија: AP
Канцеларот Ангела Меркел рече дека се’ уште не сака да се определи во однос на признавањето на независноста на Косово, оти во моментот приоритетно е да се усогласи позицијата во рамки на ЕУ: „Денеска се среќаваат европските министри за надворешни работи и не сакам да прејудириам никакви решенија. Таму ќе биде изработена платформа, која на секоја поединечна земја ќе и’ отвори можност да заземе став во однос на признавањето и со сигурност Германија денеска нема да го изврши признавањето“.

„Косово е случај сам за себе“

Многу европски држави кои имаат големи малцинства, страхуваат дека Косово може да стане пример и за други. Меркел уверуваше: „Ние велиме дека Косово е случај сам за себе, неспоредлив со било кој друг во меѓународното право“. Односот спрема малцинствата, пак, мора да се ориентира според принципите на ЕУ: „Сите мора да живеат со своите малцинства, сите мора да ги исполнат основните принципи на ЕУ и само така можеме воопшто да изградиме заедничка иднина“.

Меркел смета дека смирување на западен Балкан е можно само со европска перспектива, оти според неа, само таа на државите од некогашна Југославија им отвора шанса за слобода, демократија и економски развој. Поради тоа, понудите на ЕУ не се насочени само спрема Косово, туку и спрема Србија, чии интереси „ни лежат на срце“, рече Ангела Меркел. Во германското Министерство за надворешни работи сметаат дека признавањето на независноста на Косово нема да донесе негативни влијанија во германско-српските односи. Не биле преземени никакви подготовки за евакуирање германски државјани од Србија. Левичарската партија бара Германија да не ја признае независноста на Косово Шефот на фракцијата на Левичарската партија Грегор Гизи побара од сојузната влада да не ја признае независноста на Косово. Декларацијата за отцепување на косовските Албанци е разбирлива, но не треба да добие меѓународно признавање поради тешки политички и маѓународно-правни причини. Инаку, во иднина не би можело на Баските, католичките северни Ирци, Чеченците или Курдите сфатливо да им се објасни зошто тие немаат право на своја сопствена држава, рече Гизи. Тој ја стави под прашање правната основа на натамошното останување на меѓународните сили на Косово во случај на признавање на независноста. Пратеникот на ЦДУ Карл-Теодор цу Гутенберг предупреди дека Косово самото не е во состојба да преживее. Со дефицити во инфраструктурата и со стапка на невработеност од 40 проценти новата мини-држава е во голема мера упатена на помош од странство.