Меркел – Кина
27 август 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел ги почна политичките разговори во Кина. На средбата со кинескиот премиер, Вен Џиабао таа даде уверување дека германската влада и стопанството имаат намера и натаму да ги надградуваат блиските односи со Кина. Меркел е во придружба на голема стопанска делегација. Темите на нејзините разговори за време на посетата на Кина се движат од заштита на климата, преку одбрана од пиратеријата до загриженоста на германските потрошувачи поради кинеските производи кои се опасни по здравјето. Германската канцеларка има намера да го отвори и прашањето на човековите права во Кина.