Меркел во посета на Либерија
7 октомври 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел со денешната посета на Либерија ја завршува својата африканска турнеја . За време на шестчасовниот престој таа ќе се сретне со Елен Сирлиф Џонсон претседателот на оваа западноафриканса земја , во која до пред неколку години беснееше крвава граѓанска војна . Меркел притоа сака да ја нагласи подршката за Сирлиф-Џонсон- прва избрана жена претседател во Африка.
Германската канцеларка во Либерија доаѓа од Јужноафриканската република , каде меѓу другото оствари средба и со некогашниот борец против апартхејдот и подоцнежен претседател на оваа земја Нелсон Мендела