Мерилин Монро - мит и муза
На 1 јуни 1926 година, Норма Џин Бејкер алијас Мерилин Монро во Лос Анџелес ја здогледа светлината на денот. Нејзината прерана смрт претставуваше тажен крај на една извонредна кариера. Но сеќавањата останаа.
Меѓу сексепил и актерски способности
„Причините за неверојатниот успех на Мерилин лежат во нејзиниот физичкиот изглед“, пишува Барбара Зихтерман во нејзината нова книга. „Таа поседуваше неверојатен шарм“. Притоа, нејзините актерски квалитети честопати остануваа во втор план.
Секс и Дух
„Јас бев оженет, а Мерилин не можеше воопшто ниту да ја покаже главата во јавност без да биде фотографирана, па најголемиот дел од времето го минувавме сами“, раскажува писателот Артур Милер. (На фотографијата се заедно со Сер Лоренс Оливие и Вивиен Ли).
Морал
„Еден послободен и полиберален свет секако ќе ѝ го олеснеше животот во тоа време“, вели Барбара Зихтерман. Во принцип, точна е тезата дека секс-иконата на 50. години во исто време беше и жртва на акутното лицемерие на тоа време.
Пуританство
И по промените во 60. години, сексуалната револуција и феминизмот Америка во срцето остана пуританска култура, која се чувствуваше загрозено од моќта на сексот, и веднаш покажуваше со прстот кон секој кој ги преминуваше границите, вели Зихтерман.
Харизма
Писателот Труман Капоти ѝ беше близок пријател на Монро. Тој пишува: „Таа поседуваше една специфична аура, внатрешна топлина, и една ненадејна интелигенција, која не беше секогаш забележлива на бината“.
Прерана смрт
„Имам чувство дека таа никогаш нема да остари во оваа професија. Апсурдно е, но така е. Се плашам дека ќе умре млада. Во исто време се надевам дека барем ќе поживее доволно долго, за да го покаже својот раскошен талент“. (Труман Капоти, во 1955, седум години пред смртта на Мерилин Монро).