Медијаторот Нимиц во Атина
5 декември 2007Реклама
Посредникот во преговорите за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска во Атина треба да го слушне ставот на грчкиот премиер Костас Караманлис и на шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани за Нацрт рамката за изнаоѓање решение за разликите за името што тој ја предложи на почетокот на ноември.
Нимиц пред два дена во Скопје ги слушна аргументите на македонската страна за отфрлање на делот од Нацрт рамката која сугерира име за меѓународна употреба различно од уставното.