1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Врева за починатите медицински работници од Ковид-19

25 мај 2021

Најмалку 115.000 здравствени работници ширум светот се починати од Ковид-19, проценува Светската здравствена организација.

https://p.dw.com/p/3ttRc
BdTD USA Gedenken an das wegen Covid-19 gestorbene Pflegepersonal
Фотографија: Andrew Harnik/AP Photo/picture alliance

„Има малку информации, но според наша проценка, најмалку 115.000 вработени во установите за здравство и нега платиле со својот живот додека им биле на услуга на другите“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус на почетокот на Годишното собрание на СЗО во Женева. Тој рече дека нема да бара минута молчење, туку ги повика малкуте присутни во салата, како и сите кои беа вклучени онлајн, на акција во знак на благодарност, охрабрувајќи ги да креваат врева колку што е можно, на пример аплаудирајќи, викајќи или удирајќи со стапалата.

На нашата #ФотографијаНаДенот жена во униформа на медицинска сестра во близина на Белата куќа во Вашингтон стои опкружена со бели обувки кои ги претставуваат медицинските сестри кои починаа од Ковид-19.