Македонскиот министер за одбрана Еленовски во Тирана
7 април 2007Реклама
Министерот за одбрана на Македонија Лазар Еленовски и неговиот албански колега Фатмир Медиу денеска во Тирана разговараа за евроинтегративните пороцеси, реформите и исполнувањето на стандардите за членство во НАТО. Реформите во Македонија и Албанија се во добра насока истакна македонскиот министер за одбрана. Еленовски уште еднаш повтори и дека Владата на Македонија во целост го подржува предлогот на Марти Ахтисари за косовското прашање. Албанскиот министер за одбрана од своја страна нагласи дека исполнувањето на демократските стандарди е еден од предусловите, на идниот самит на НАТО да се добие покана за членство во Алијансата.