Македонска делегација во САД
8 февруари 2008Реклама
Македонија постигна многу во изминатиот период и заслужува да добие покана за членство во НАТО гласи пораката која македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и парламентарната делегација што го придружува ја слушнаа во рамките на посетата на САД.
Изминативе два дена делегацијата остварила средби со десетина американски конгресмени и сенатори, како и со претставници на Стејт Департментот, а присуствуваа и на традиционалниот молитвен појадок што го организираше претседателот Џорџ Буш.
Македонскиот амбасадор во Вашингтон Зоран Јолевски вели дека посетата била во функција за добивање покана за членство во НАТО на престојниот самит на НАТО во Букурешт. Спроед Јолевски на средбите со американските претставници не станало збор за разгворите околу спорот со името меѓу Македонија и Грција, но била добиена поддршка за членство во НАТО.