Македонија нема да го смени уставното име
6 ноември 2007Реклама
Република Македонија го отфрли новиот предлог на посредникот Метју Нимиц за надминување на спорт со името со Грција. Државниот врв на Македонија е единствен во ставот дека доколку Македонија биде во позиција да бира меѓу уставното име и членство во НАТО, изборот е уставното име. Покана под привремено име е прифатлива, но никако под име кое не го содржи зборот Македонија.
На вчерашната прва редовна месечна средба на претседателот Црвенковски и премиерот Груевки се реафирмаира и ставот дека приоритет на надворешна политика останува европската и евроатланската интеграција на Македонија.