Македонија: досега без нови сознанија за нападот врз полициската патрола
25 октомври 2007Реклама
Нема нови сознанија кои се напаѓачите врз македонската гранична патрола вчера кај месноста Кодра фура кај Танушевци, при што загина еден полицаец,а двајца се ранети. Исто така не е познато дали смртта на полицаецот е последица на нападот со оружје или на превртувањето на џипот во бездна длабока стотина метри.
Македонија може да обезбеди стабилност и безбедност од екстремистички групи, изјави вчера македонскиот премиер Никола Груевски во врска со инцидентот, за кој се претпоставува дека го извршиле лица од Косово.