Македонија, Ден на независноста
9 септември 2007Реклама
Денот на независноста на Македонија синоќа во Скопје беше одбележан со свечена Академија, на која претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски истакна дека македонската држава и’ е потребна на Европа како модел на мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална земја. “Ние не се враќаме во Европа за да се спасиме од материјалната беда, внесувајќи ја и неа заедно со нас. Ние сакаме да се вратиме во Европа со обезбедени пристојни услови за живот на нашите граѓани” – рече Георгиевски. Со пристапот кон НАТО Македонија се враќа таму, каде што била – во цивилизацијата што се темели врз Бога, татковината, семејството, правдата и слободата, истакна претседателот на македонскиот парламент.