Македонија – Ваксинце
11 септември 2007Реклама
Пратениците на македонското Собрание денеска со мнозинството гласови на владеачките партии не ги усвоија предлог заклучоците на опозиционите партии во врска со оружениот инцидент во селото Ваксинце. Во заклучоците се бараше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да поднесе оставка, како и да се оцени дека безбедносната ситуација во земјата не е стабилна. Претставници на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ посочија дека не може да се бара одговорност на министерката бидејќи се‘ уште не е завршена истражната постапка за инцидентот.