„Магарето е меѓу најзагрозените видови во Црна Гора“
10 јануари 2020Тврдоглавоста е особина, која освен за луѓето, најчесто се поврзува со магарињата. Во Црна Гора во минатото имало илјадници магариња, тие заедно со коњите им биле главна помош на луѓето во извршувањето на секојдневните работи. Денес магарињатаедноставно станаа вишок кој никому не му е потребен. Сепак, благодарение на тврдоглавоста и необичната визија на вљубеникот во животни, Дарко Савељиќ, магарињата нема да бидат заборавени.
Савељиќ пред 4 години отвори прва фарма за магариња во Црна Гора, во селото Мартиниќи, во близина на Подгорица. За фармата се расчуло брзо ширум Европа и светот. Тој ги собира магарињата кои не му се потрбени никому, но и старите немоќни магариња, и им пружа уникатно прибежиште, во кое веќе не мора да носат и влечат товар.
Погледнете каков е нивниот живот на фармата и што вели човекот кој се грижи секојдневно за нив: