1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Линданот од „Охис“ ќе патува во Франција

ДТЗ
13 јули 2021

Проценките се дека станува збор за околу 700 тони опасен отпад и околу 900 тони контаминирана почва. Целата постапка се очекува да трае една година.

https://p.dw.com/p/3wQhB
Nordmazedonien Verlassene Fabrik Ohis in Skopje
Фотографија: DW/D. Chadikovska

Министерството за животна средина и просторно планирање започна со расчистување на теренот околу малата депонија со линдан во кругот на фабриката „Охис“. Се поставува опрема и механизација, како и челични буриња и контејнери кои ќе се користат за складирање и транспорт на опасниот линдан и на контаминираната земја. Планот е линданот да се транспортира до пристаништето во Солун од каде ќе биде префрлен во Франција. Контамираната земја, пак, ќе биде извадена и транспортирана во Холандија. Проценките се дека станува збор за околу 700 тони опасен отпад и околу 900 тони контаминирана почва. 

-повеќе на темата: Не е само линданот: Токсични закани демнат од ОХИС

Ресорниот мининистер, Насер Нуредини, најави дека на чистењето на опасниот отпад ќе се работи една година. 

„Со овој проект ја потврдивме нашата решеност да ги елиминираме жешките точки во земјава. Во изминатиот период беа безбедно отстранети и уништени огромни количини на екстремно опасни хемикалии што со децении беа складирани во кругот на ‘Охис’, а денес присуствуваме на почетокот на чистење и на линданот, како историски проблем на чие што решавање посветивме многу внимание и енергија“, вели Нуредини. 

Чистењето ќе го врши грчката компанија „Полиеко“ од каде велат дека во моментот се одвиваат последните подготовки за расчистување на токсичните супстанци. Според нив, процесот на изведување ќе се спроведува согласно највисоките стандарди за заштита на животната средина. Откако првично ќе се отстрани горниот слој на земја од депонијата, ќе се копа на длабочина од метар и седумдесет сантиметри, до каде се очекува да се стигне до бетонските базени каде е закопан линданот. Ќе се испита до каде е загадена почвата и ќе се чисти сè додека не се стигне до неконтаминирана зона. 

Почвата мора да се прочисти од линданот од ОХИС