Лидо ди Венеција и во корона-криза подготвено за „Мостра“
Бројни други меѓународни филмски фестивали беа откажани во последните месеци или ги прикажуваа своите филмови само преку интернет. 77-то издание на Венецијанската „Мостра“ е првиот голем фестивал што се одржува и покрај пандемијата на коронавирусот. За волја на вистината, ќе има помалку холивудски sвезди, но гламурот нема да недостасува.
Фестивалот ќе го отвори италијанската семејна драма „Лачи“ со Алба Рорвахер. По повеќемесечна неизвесност, затворени кина и откажани снимања, сега постои надеж дека работите полека ќе се вратат во нормала.
Сепак, безбедносните мерки заради пандемијата ќе играат важна улога и во Венеција. Директорот на фестивалот Алберто Барбера објави голем број правила: помалку филмови, повеќе кина, едно и на отворено.
Повеќе:
-Венеција-мајката на филмските фестивали
- Гламурот повторно царува на Лидо
-Филмски фестивали од А категорија
Освен тоа, на влезот во киносалите на Лидо ди Венеција на посетителите ќе им биде мерена телесната температура, задолжително е тие да носат маска ( и за време на прикажувањето на филмот) и да се одржува физичка дистанца. А, како ќе се одржат пресконференциите? Како ќе изгледаат работите со црвениот килим кога ќе пристигнуваат филмските ѕвезди? Тоа ќе се види во наредните денови....