Лагард сослушана за финансиска афера
23 мај 2013Поранешната француска министерка за финансии и актуелна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард денеска е на сослушување во судот во Париз каде ја бранеше својата одлука од 2007. да употреби приватна и скапа арбитража за решение за спорот со Бернард Тапи околу продажбата на „Адидас“.
Сведочењето на Лагард пред Судот на правдата може да трае до утре бидејќи таа се соочува со можно покренување обвинение за „соучество во фалсификување и проневера на јавни фондови“, пишува француски „Експрес“.
Таа е обвинета дека имала финансиска корист од исплатата, а самата Лагард демантираше дека направила „нешто лошо во иницирање на арбитражната постапка за обештетување на Тапи“.
Тапи ја тужеше француската банка „Кредит Лионес“, делумно во државна сопственост, бидејќи во 1993. и 1994. година без негово знаење, фирмата „Адидас“ е продадена на Роберт Лој-Драјфус.