КФОР ја презеде контролата на преминот Јариње
9 ноември 2011Војниците на меѓународните сили поставиле бодликава жица пред барикадите и на тој начин го попречија патот Лепосавиќ-Рашка.
КФОР во текот на денешната (09.11) акција употреби солзавец за да ги натера Србите да се оддалечат од барикадите. Двајца Срби се приведени во базата на КФОР кај Јариње, а по еденипол час се ослободени.
Претседателот на општината Лепосавиќ Бранко Ниниќ изјави дека граѓаните од северно Косово ќе продолжат со мирен отпор против воспоставување на приштинските институции на премините. Тој истакна дека припадниците на КФОР без повод употребиле солзавец.
Србите веднаш поставија нова барикада
КФОР, исто така, блокираше и два алтернативни патишта покрај преминот Јариње и реката Ибар, кои водат од Лепосавиќ кон Рашка.
Србите по акцијата на КФОР растоварија неколку камиони со песок и направија нова барикада и моментно се на околу 100 метри од оваа барикада.
Војниците на КФОР по акцијата излегоа од базата „Нотинг хил“ кај Лепосавиќ со неколку возила и се распоредени на магистралниот пат кон Косовска Митровица.
Автор: ЖА/СН/миа
Редактор: Е. М. Фиданоска