КФОР ги отстранува српските барикади
20 октомври 2011Припадниците на КФОР утрово започнаа со акција за отстранување на српските барикади на северот на Косово во правец кон преминот Брњак. Локалните Срби се обидуваат да ги заштитат барикадите со своите тела, седејќи на локалниот пат.
Припадниците на КФОР во два наврати фрлиле солзавец со цел да ги растераат. Засега нема информации за повредени.
Српскиот претседател Борис Тадиќ утрово побара од КФОР и од Еулекс да се воздржат од употреба на сила, а од лидерите на локалните Срби да одлучуваат во интерес на своите граѓани.
Српските општини на северот на Косово вчера одлучија да не ги тргаат барикадите, но да му овозможат на КФОР да врши снабдување на своите единици. Од КФОР побараа одлуката да важи и за припадниците на Еулекс.
Автор: БГ/бета
Редактор: Жана Ацеска