Крвава новогодишна прослава во Брегот на Слоновата Коска
1 јануари 2013Извештаите за точниот број на жртвите и текот на катастрофата од час во час беа противречни. Но, според портпарол на Воената пожарникарска служба, досега се извадени телата на 61 жртва. Во несреќата во Абиџан, најголемиот град во Брегот на Слоновата Коска, има и најмалку 200 повредени лица, како што јавуваат локалните медиуми. Меѓу загинатите и повредените има многу деца и млади над 15 години. Очајните родители ги бараат своите деца.
Стравични сцени
Паниката според извештаите на очевидци почнала по новогодишниот огномет пред главниот влез на стадионот во метрополата. Државната телевизија прикажа снимки на тела кои лежат на улиците и купишта чевли и оставена облека. Се гледаат престрашени жени, околу кои се грижат спасувачките екипи. Причината за несреќата не е позната.
Во Абиџан вторпат по ред се организира огномет. Тој треба да биде симбол за новиот пичеток во западноафриканската држава под водство на претседателот Аласане Кватара. Во политичките борби претходно од декември 2010 до април 2011 година меѓу Квантара и неговиот претходник Лорен Гбагбо загинаа околу 3 илјади лица.