1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кратката бременост го загрозува здравјето на бебето

10 март 2012

Познато е дека ако бебињата се родат прерано, здравјето им е загрозено. Научниците сега открија дека дури и само две-три седмици скратена бременост може да го зголеми ризикот од астма или други болести.

https://p.dw.com/p/14H7q
Фотографија: Fotolia/Zsolt Bota Finna

Додека се во мајчината утроба, децата имаат свој мир. Заштитени од бактерии и други бацили имаат време да се развиваат. Со раѓањето оваа состојба одеднаш се прекинува, имунолошкиот систем доживува шок и мора да се бори со околината.

Овие нови околности истовремено се и добри и лоши: во контакт со вирусите, бактериите и габите имунолошкиот систем на новороденчето учи против што треба да се бори во иднина. Но, ако телото е многу слабо, можеби поради тоа што детето прерано се родило, сите тие бацили можат да бидат многу опасни. 

Досега се сметаше дека децата се прерано родени ако се родени пред крајот на 37-та недела од бременоста. Научниците сега докажаа дека дури и децата родени во 37-та или 38-та недела од бременоста, значи две-три недели пред вообичаената 40-та недела, можат да имаат последици по здравјето поради прераното раѓање.

Систематските прегледи ја потврдија тезата

Студијата ја спроведоа научниците под водство на Елејн Бојл, од Лечестер-универзитетот. Тие следеа повеќе од 18.000 британски бебиња родени во периодот од септември 2000 до август 2011. Децата имале систематски прегледи на деветмесечна возраст, потоа на три и на пет години.

Ultraschall Untersuchung Schwangerschaft Bauch Frau Arzt
Преглед со ултразвукФотографија: Fotolia/Sven Bähren

Врз основа на собраните податоци утврдена е силна корелација меѓу времето на раѓање и здравјето на детето. Колку пократко бебињата биле во мајчината утроба, толку повеќе подоцна страдале од хронични болести. Многу од нив имале астма и во текот на првите девет месеци од животот морале повторно да бидат хоспитализирани. Со ова се потврдени резултатите на многу други студии. Меѓутоа, изненадувачки е што лошото влијание врз здравјето не е утврдено само кај рана, средна и доцна недоносеност на бебињата, туку и бебињата родени на граница во 37-та или 38-та недела од бременоста, имале повеќе здравствени проблеми во однос на децата кои биле подоцна родени.

Меѓу другото, децата родени до 37-та или 38-та недела од бременоста, 40 отсто почесто морале да користат инхалатор за астма на ворзаст до пет години, отколку децата кои во мајчината утроба минале 39 до 41 недела. Научниците сега бараат подобро да се истражи што е тоа што подоцна го загрозува здравјето на децата кои се недоносени и да се обезбеди подобра специјална нега.

Автор: АТ/ АМ/ дпа/ шпигел/ дв

Редактор: Е.М.Фиданоска