Кој оди на ракометниот „Фајнал фор“?
27 април 2013Два натпревара од реваншот во четвртфиналето се играат денеска (27.04), а два утре. Македонскиот првак Металург утре во 17 часот гостува кај полскиот шампион Киелце. Противникот има предност од првиот дуел по победата во Скопје од 27:25. На ова гостување Металург ќе настапи без повредените Миладин Козлина и Дамир Батиновиќ, кои останаа во Скопје.
Вечерва во 19 часот во „Блауграна“ во Барселона е шпанската пресметка меѓу шпанскиот првак Барселона и Атлетико Мадрид. На првиот натпревар Атлетико победи со 25:20. Во терминот од 16 часот денеска играат унгарски Веспрем и европскиот шампион Кил. Предност од еден гол од првиот натпревар има Кил (32:31 за Кил на првиот дуел).
Утре покрај дуелот Киелце – Металург се игра и дуелот на германските екипи Хамбург и Флензбург. Хамбург е пред пласман на „Фајнл фор“ во Келн, бидејќи на првиот натпревар како гостин победи со 32:26.