Кој е на фотографијата?
17 мај 2010Реклама
Претставничката на Германија победи во финалето на 55. натпреварување за „Песна на Евровизија“ во Осло, со песната „Satellite“. „Никогаш нема да го заборавам настапот пред толку многу луѓе. Ова е најдоброто нешто што досега сум го сторила“, истакна таа на прес-конференција по победата во Осло.
19-годишната девојка од Хановер својот успех му го должи и на продуцентот Штефан Раб, кој веќе четврти пат учевствува на Евровизија.
Одговорите можете да ги испраќате на адреса: macedoni-quiz@dw-world.de
Награда за претходното прашање
Одговор на претходното прашање: Кој е на фотографијата?, е - Горан Пандев.
Добивме 153 точни одговори, а добитник на пенкало и маус-пед со логото на Дојче веле е Лидија Стефановска од Охрид.