Кој беше „крал на поп - музиката“?
6 јули 2009Со музиката беше од детството. Во осумдесетите години на минатиот век ги испеа хитовите „Били Џин“ или „Трилер“. Албумот под тоа име од 1982 година е комерцијално најуспешниот музички албум на сите времиња со 65 милиони продадени примероци. Во текот на кариерата доби безбројни музички признанија.
Но, не беше во фокусот само со својата музика, туку и со значителната промена на својот изглед. Кожата му стана бела, носот мал. Со него е поврзан и скандалот што изби во 1993 за можна злоупотреба на малолетници.
„Кралот на поп - музиката“ ненадејно почина на 50 годишна возраст.
Ако сакате да учествувате во наградната игра, одговорите испраќајте ги на адреса: macedoni@dw-world.de
Награда за претходното прашање
Одговор на претходното прашање: кој е победник на Купот на Конфедерациите, е: Бразил.
Добивме 23 точни одговори, а добитник на наградата, фудбалска топка е Зоран Јевремовиќ од Скопје.