Коштуница: новиот предлог на Ишингер неприфатлив
18 ноември 2007Реклама
Српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека Србија нема да го прифати новиот предлог на ЕУ претставникот во Тројката, Волфганг Ишингер за неутрален статус на Косово. Според него тоа е само поинакво име за независност. Коштуница оцени дека е време меѓународните претставници за предложат решение со кое ќе се почитува територијалниот суверенитет на Србија. Агенцијата БЕТА објави дека евродипломатот Хавиер Солана и Ишингер денеска во Брисел ќе ги разгледуваат иницијативите кои посредничката Тројка ќе им ги понуди на двете страни на продолжението во преговорите закажано за 20 ноември.