1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За кого ќе играат Џака и Шакири?

СН/др/дв4 мај 2016

Влегувањето на Косово во членство на Еропската фудбалска федерација (УЕФА) отвора многу прашања- на пример, оние кои се однесуваат за фудбалерите со двојно државјанство. Со тоа особено е погодена Швајцарија.

https://p.dw.com/p/1Ihdi
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Coffrini

„Фудбалерите на Косово на својот грб имаат две ѕвездички повеќе отколку што на својот дрес имаат светските прваци, Германците. Шест ѕвезди на сина заднина- не за бројот на титули, туку како аналогија на знамето на малата република“, пишува берлинскиот весник Велт.

„Фудбалските заслуги на Косово се сѐ уште мали. ФИФА дури во 2014 година му дозволи да игра пријателски натпревари. На премиерата беше нерешено 0:0 против Хаити. А оние 2:0 против Екваторијална Гвинеа се забележани како највисока победа. Меѓутоа, наскоро би можеле да следуваат вистински натпреварувачки мечеви. Чекањето се ислатеше“, вели Алберт Буњаку, за швајцарскиот весник Блик, а пренесува Велт. Поранешнниот фудбалер на Нирнберг повеќе не игра за Швајцарија туку за земјата на своите предци. Буњаку се надева дека и други фудбалери како Гранит Џака и Џердан Шакири ќе го следат неговиот пример“.

Меѓутоа, Швајцарија и скандинавските земји беа и останаа сомничави. Се инсистира на фудбалерите во иднина да им се забрани преминување од земја во земја, ала Буњаку. И во Германија има фудбалери од Косово. Фанол Пердедај, по играњето во јуниорската репрезентација на Германија се одлучи за спортска иднина на Косово и неговата А-репрезентација“, пишува Велт.

Kosovo Fußball UEFA Budapest Kongress Hungexpo Messe
Фотографија: Getty Images/A.Kisbenedek

Ное цирхер цајтунг од Цирих пишува: „Косово влезе во кругот на европскиот фудбал, што е предуслов за вклучување во ФИФА. Пред гласањето, збор зеде и Алекс Мишер, генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Швајцарија (СФВ). Тој рече дека се чувствува непријатно, бидејќи „пакетот е преголем- политички и спортски“. Проблеми се појавуваат „бидејќи знаеме премалку за можностите за патување и статусот на националниот тим“. Како претставник на СФВ Мишер е директно погоден, бидејќи тоа се однесува на швајцарските играчи како што се Џердан Шакири, Гранит Џака и Валон Бехрами.

Правната несигурост остануваа. Дали косовските фудбалери кои играат за некој А-тим, можат да ја променат земјата, е предмет на јасното прашање упатено до ФИФА. Правниот директор на УЕФА Аласдаир Бел вели: „Сега сакаме јасен одговор.“

„Зиддојче цајтунг“ од Минхен истотака укажува на правните аспекти од новонастанатата ситуација: „Правилата велат оти земјата мора да биде признаена од страна на ОН за да може да биде член на УЕФА. Меѓутоа, правникот на УЕФА мораше да појасни дека ОН воопшто не можат да признаат некоја земја. Не е исклучено оти случајот ќе се најде пред Судот за спортска арбитража“, констатира „Зидојче цајтунг“.

Прашања кои ги мачат Швајцарците

Што таа одлука значи за швајцарската фудбалска репрезентација во која играат Шакири, Џака, Бехрами и Тарашај, прашува весникот Нордвестшвајц. „Тие би можеле да одлучат да играат за Косово, доколку тоа наредната недела им го дозволи ФИФА.“ Весникот во врска со тоа даде одговори на неколку прашања:

Дали членките на УЕФА автоматски можат да учествуваат на квалификациите за Светско првенство?

Не. Тоа се гледа од примерот со Гибралтар. Оваа земја можеше да учествува на квалификаците за Европско првенство, но бидејќи не е член на ФИФА, не можеше да биде во извлекувањето за Светското првенство 2018. Меѓутоа, Спортскиот арбитражен суд во Лозана одлучи дека ФИФА мора да го прими Гибралтар.

Дали Косово ќе оди по ист пат како Гибралтар?

Многу работи укажуваат дека ќе биде така, но изгледа по забрзана постапка. Гибралтар и Косово веќе наредната недела на конгресот на ФИФА во Мексико би можеле да станат полноправни членки. Тогаш ќе биде одлучено дали тие дополнително, веќе од септември, ќе можат да учествуваат во квалификациите за Првенството 2018. во Русија.

Дали фудбалерите со двојно државјанство можат да одлучат за која репрезентација сакаат да играат?

Во принцип да. Еден фудбалер кој по статутот на ФИФА има право да игра за повеќе репрезентации мора да исполни барем еден од условите: мајката или таткото, бабата или дедото на фудбалерот да се родени во земјата за која тој сака да игра- или играчот барем 2 години постојано да живеел во таа земја.

Fußballmannschaft Schweiz
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Coffrini

Дали фудбалер со двојно државјанство може сам да одлучи кога сака да ја промени репрезентацијата?

Не. Тој може да побара преминување само ако во А-репрезентацијата не играл на официјални натпревари.

Дали тоа значи дека Шакири, Џака и останатите никгаш нема да можат да играат за репрезентацијата на Косово?

Не, тоа не мора да значи. Сѐ уште тоа не е јасно. Секако дека имаше фудбалери кои по распаѓањето на Советскиот Сојуз играа за Русија. Меѓутоа, Косово не се одвои од Швајцарија туку од Србија. Затоа тоа не може да се спореди“, пишува Нордвестшвајц.