1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово не треба да се дели

Зулфија Јакупи 3 јули 2008

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, категорично ја отфрла можноста за поделба на Косово. Во интервју на Дојче Веле се противи и на српската иницијатива за правно преиспитување на незавиноста на Косово.

https://p.dw.com/p/EVEJ
Фатмир Сејдиу претседател на КосовоФотографија: DW/Jakupi

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу не се согласува со планот на српскиот претседател Борис Тадиќ, од Меѓунарондниот суд на правда да побара правно толкување на прогласувањето на независнот на Косово. Тоа е лош пристап на Србија и на нејзиниот претседател, смета Сејдиу и додава дека Косово не е тело оттргнато од некое друго тело и му припаѓа на својот народ и своите граѓани. Институциите на Косово ја преземаа својата одговорност за да изградат мирна перспектива за своето население. Оттука, смета претседателот ниеден меѓународен суд не е компетентен да се занива со тоа прашање.

Овој став Сејдиу го изнесе во интервју за српската програма на Дојче Веле во кое изразува и очекување нови држави да ја признаат независноста на Косово „Се разбира дека сум задоволен, но тој број би требало да се зголеми. Ќе има уште земји кои ќе ја признаат незавинсота на Република Косово. Многу е важно земјите кои веќе ја признаа независноста на Косово да пружат поддршка за нејзниот развој како држава.“ вели претседателот Сејдиу.

Општата ситуација е стабилна

Сејдиу смета и дека парлалените структури на Србите го држат Косово под тензија но сепак дава позитивна оценка за стабилноста „Мислам дека општата ситуација од аспект на безбедноста е стабилна. Има различни провокации од страна на паралелни структури кои постојат на Косово, но сметам дека за безбедноста особено придонесуваат самите граѓани на Косово кои покажаа највисоко ниво на зрелост во сите процеси низ кои минавме. Тоа е резултат и на дорбата работа на органите за безбедноста на косовската и меѓународната полиција, а посебно на КФОР и на НАТО.“ истакна претседателот на Косово Сејдиу и додаде дека Косово сака да има добри односи со Србија, како меѓу две суверени држави што е во корист на граѓаните и во рамките на општата европска астомсфера за соработка.

Сејдиу отфрла поделба

Косовскиот претседател смета и дека Косово не треба да се дели „Не апсолутно никогаш неможеме да замислиме таква ситуација. Ниту има такви предвидувања ниту е потребно Косово да се подели. За нас е важно меѓународните мисии да работат во меѓусебна хармонија во текот на процесот на транзиција односно пренесување на надлежностите. Се разбира територијалниот интегритет на Косово е загарантиран и од меѓународното гледиште и со оглед на полтичката воља на неговиот народ“ изјави косовскиот претседател во интервјуто за српската програма на Дојче Веле.