1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово- неизвесни перспективи на преговорите

27 септември 2007

Во Њујорк се водат разговори околу идниот статус на Косово.Денес таму се среќаваат министрите за надворешни работи на Контакт групата,а утре т.н Тројка за Косово ќе води директни разговори со Србите и косовските Албанци

https://p.dw.com/p/BkFE
ПриштинаФотографија: picture-alliance/ dpa

Она што делегациите утре ќе го предложат во Њујорк,беше веќе најавено минатата недела во Лондон:Косоварите доаѓаат со договор за добрососедските односи со Србија,Србите напротив со план според кој Косово ќе функционира речиси како држава,но нема да има свое место во ОН,министерство за надворешни работи и своја сопствена армија.

Како да се најде допирна точка меѓу овие два дијалемтрално спротиставени позиции,за тоа интензивно размислува и фондацијата од Берлин „Наука и политика“.Во неодамна објавениот текст кој треба да иницира дискусија,експертот за Балкан Франц Лотар Алтман предлага создавање нова унија на Србија и Косово:

„Предлогот е две независни држави.Тоа значи дека тие двете ќе имаат претставници во ОН,свои министерства за надворешни работи,но ќе формираат формална унија на две независни држави.“

Зацементирани ставови преку поддржувачите

Постои малку оптимизам дека двете страни ќе го прифатат овој предлог.Зашто,тие не чувствуваат никаков притисок,се додека имат силни поддржувачи на своите максималистички барања:САД отворено стојат зад независноста на Косово,Русија е за зачувување на територијалниот интегритет на Србија.Корнелиус Адебар од „Германското друштво за надворешна политика“ верува дека сепак постои пат за зголемување на притисокот врз двете страни,со помош на преговарачка режија,како во 1995 година на крајот на босанската војна во американскиот Дејтон:

„Идејата е вушност на крајот на процесот да се направи еден вид самит.Преговорите во Босна на крајот на војната водеа кон Дејтон,место исклучено од јавноста,каде партиите во конфликтот во мал простор беа ставени под притисок дека мора да дојдат до решение.“

ЕУ мора да донесе одлука

Помалку оптимистичките коментатори во германските весници уште сега ги прогласуваат разговорите со посредство на Тројката за пропаднати.Прашањето е како ќе се однесува ЕУ по 10 декември,за кога е предвиден крај на преговорите,ако САД го признаат Косово за независна држава.Алтман не исклучува дека Велика Британија и Франција ќе го следат овој чекор.ЕУ мора да реши дали во регионот ќе испрати нова набљудувачка мисија:

„Нема да има еднострано прогласување независноот на Косово без истовремена молба ЕУ да го следи и поддржи овој чекор.ЕУ би требало да рече тогаш,дури и со гласовите на оние кои сега се воздржуваат,да. Едногласноста би била во интерес на целата ЕУ.“

Германија го поддржува принципот на набљудувана независност на Косово,но сака да им даде шанса на преговорие.Секретарот во Министерството за надворешни работи Гинтер Глосер:

„Многу е интерсно и возбудливо да се зборува за различни сценарија,но сега мораме да ги користиме овие недели за разговори со Тројката и со страните во спорот,а потоа ќе гледаме како натаму.“