1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово како Кипар?

12 јули 2007

Аналитичарот од друштвото за ЈИЕ Хансјерг Брај во интервју за Дојче Веле ги анализира случувањата околу Косово кои смета дека лесно би можеле да преминат во слична форма како ситуацијата во Кипар

https://p.dw.com/p/BFDo
Мостот во МитровицаФотографија: DW/Sand

Хаснсјерг Брај смета дека токму немањето решение за статусот на Косово, во иднина би предизвикало еднострано прогласување на независност на покраината. Тоа според него е основа за споредба со Кипар:

“Во тој случај ќе дојде до поделба, не може да се каже на колку долг период и постои голема опасност во таквата ситуација да биде создадена илегална творба или регион на северно Косово или северна Митровица“

Во однос на европерспективите како решение, Брај вели:

“ Кипар е многу поучен пример кога станува збор за дејството на европската перспектива, таму на турската страна немаше подготвеност за какви било промени. Кога беше отворена преспективата за перием дојде до поместување. Во таа смисла ова е важен пример и за Косово. Меѓутоа кипарските Грци на референдум го одбија предлогот на Кофи Анан за обединување. Причината поради која тоа го сторија е што на еден или друг начин беа сигурни дека ќе бидат примени во Унијата. Затоа работите таму тргнаа наопаку. Меѓутоа среднорочно таквата перспектива за Косово не можеме да ја понудиме“

Сепак според Брајт европерспективата треба да остане:

“ И покрај тоа таа мора да се држи отворена за западниот балкан бидејќи тоа е единствен потенцијален поттик за поместување кај двете страни, што добро се гледа и на примерот со Кипар. Србија би се ослободила од таа закочена позиција дека Косово засекогаш ќе остане нејзин составен интегрален дел, ако и се понуди перспектива за членство во ЕУ. Од друга страна и северниот дел околу Митровица би се помирил со идејата за единствена држава Косово, ако постои ЕУ-перспективата, оти Косово во ЕУ би била поинтересна перспектива, отколку обединување со Србија или од било каков статус на сепаратистичка творба која не би била призанена од никого, освен можеби од Србија “

Брај се сомнева дека преговорите би донеле нешто, поради закоравеноста на ставовите. Вели, нема ни подготвеност за отстапки на српска страна. На прашањето дали е можно спроведување на планот на Марти Ахтисари, без резолуција во советот за безбедност тој вели:

Мислам дека ќе биде голем проблем доколку советот за безбедност не донесе резолуција за идниот статсу. Во таков случај нема мандат ниту за планот на Ахтисари кој е многу комплексен. Од сите страни се бара да вложат напори, нема да биде лесно да се спроведе се што се бара. На пример точно се дефинирани правата на српското малцинство во покраината и само мандат на ОН може да биде поттик тоа да се спроведе. Во спротивно сум голем скептик. “ вели Брај