1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово е европски проблем

20 октомври 2007

Расте притисокот врз Брисел, токму Европската унија да ја преземе решвачката улога во процесот на изнаоѓање решение за Косово. На маргините на самитот на Унијата германската канцеларка Ангела Меркел за темата Косово:

https://p.dw.com/p/Bsz5
За Косово никој не искажува конечен став: Ангела Меркел на самитот во ЛисабонФотографија: AP

„Јас ги вложив сите сили да разговарам на таа тема, на пример со рускиот претседател и со други, за да постигнеме успех за тоа прашање. Меѓутоа, сега не би имало смисла да се зборува за сите евентуалности. Повеќе смисла има да се вложат напори кон решавањето на проблемот. Јас не наидов на ниту еден соговорник кој не го посакува тоа, дури и кај оние што се на извесен начин воздржани. Меѓутоа, не најдов никого што би искажал некаков конечен став„.

Од друга страна, координаторот на Европската унија за балканскиот пакт за стабилност Ерхард Бусек, смета дека Европската унија е таа што за косовското прашање треба да изнајде заедничка позиција, зашто тоа е европски проблем:

„Мислам дека косовското прашање мора да се заврши, и тоа многу зависи од меѓународната заедница. Посебно од Европската унија, зашто тое е европски проблем и затоа не е потребно мешање однадвор. Ако имаат заеднички став мислам дека се ќе може да биде решено. Меѓутоа, решение мора да се изнајде, зашто во спортивно Србија е бликирана не само на нејзиниот пат кон Европската унија, туку станува збор и за само-блокада што е во тек. Мислам дека ако сакате да и наштетите на Србија, треба да и го вратите Косово, зашто таа не се во состојба да излезе на крај со него„, смета Бусек.