1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово е европски проблем

16 септември 2007

Во петокот во Берлин беше одржана конференција за улогата на невладините организации во превенција на кризи.Една од темите беше и Косово и проблемот со неговиот иден статус

https://p.dw.com/p/BgPv
Фотографија: picture-alliance/dpa

Дорис Пак од Демохристијанската унија на Германија и европарламентарка зборувајќи за улогата на превенцијата укажа на пропустите во минатоот во проблемот со Косово:

„Не е едноставно кога 27 земји членки треба да решаваат едно тешко прашање,кое било подобро да биде решено пред десет години.Да посетам на тоа што го има речено Шварц Шилинг,ако ние реагиравме на почетокот на 90-те години,ќе беа спасени животите на многу луѓе,немаше да имаме толку многу бегалци.Ако го решевме проблемот по бомбардирањето од хуманитарни причини,тогаш демократските сили во Србија немаше да го имаат наследството од Милошевиќ и да страдаат поради него.Тие постојано се обидуваат да ги задржат тие 15 проценти од територијата,но оној кој ја губи војната мора и да плаќа,и другите тоа го имаат доживеано,а Милошевиќ ја загуби.Сега имаме ситуација кога целата политика се грижи повеќе на зачувување на оваа територија отколку за иднината на генерациите кои живеат таму.Цела генерација живее речиси во минатото,за што жалам.

Разбирам што се презема за да се доведат Србите и Албанците,на преговори,но на крајот нема да има резултат,зашто претставите на Србите се дијаметрално различни од оние на Албанците,така што во декември ќе бидеме на истото каде што сме и сега.Но тогаш навистина мора да дојде до донесување одлука,зашто Косово всушност е голем проблем во рамките на ЕУ.Тоа е наш проблем и во наш интерес е да се реши.Ме лути тоа што им се дава можност на Русите да се вклучуваат во игра во нешто што воопшто не е нивен интерес,ниту на Косово,ниту во Србија.Но тие го користат ова за да и наштетат на ЕУ,зашто тие повеќе сакаат слаба отколку силна ЕУ.Се надевам дека 27-те земји ќе го поддржат и натаму планот на Марти Ахтисари. “

Планот на Ахтисари нема алтернатива

Холгер Хаибах,пратеник од ЦДУ,член на Одборот на Бундестагот за заштита на човековите права исто така се залага за планот на Ахтисари:

„Нашиот голем проблем е што нашиот европски проблем не се решава во Европа,туку мора да биде решено на преговарачка маса некаде во Њујорк,не гледам други алтернативи освен планот на Марти Ахтисари.“

Др Лео Кројц,раководител на Одделот за Средна и Југоисточна Европа во германското министерство за стопанска соработка и развој пак укажува на друг аспект на косовскиот проблем:

„На крајот,еден ден сигурно ќе постои Косово,територија која се обидува да биде држава,кој ги има сите елементи на класична земја во развој.Косово долги години нема да биде држава која ќе може да се издржува самата,туку ќе биде зависно од субвенции од меѓународната заедница. “