1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово-далеку од решението

27 септември 2007

Денешното издание на германскиот весник Ди Велт во коментарот под наслов Студена зима преку минираните полиња,пишува за Косово,со скептичен став дека решение не е на повидок.

https://p.dw.com/p/BkLs
Фотографија: dpa

На Косово Србите и Албанците ја живеат омразата против омразата,траумата против траумата,сето тоа под будното око на 16 илјади војници,во најголем дел од НАТО.Овде Балканот може повторно да прокрвари.Војната од 1999 година,која значеше крај на Југославија и на српската власт,заврши со пролонгираниот формален компромис околу прашањето,кому припаѓа Косово поле.Сеуште на соседите Срби,или многу повеќе на Албанците кои живеат таму?А што е со српското малцинство?Предлог решението на поранешниот фински претседател Ахтисари предвидува долги преоди,контролирана сувереност,специјална заштита на Србите и нивните светилишта.Но прашањето,дали Албанците воопшто се способни и волни од состојба на востание да преминат во регуларен систем на владеење,останува неодговорено.

Перспективата кога тогаш да бидат примени во ЕУ,досега беше пречка за диви пресметки и нови злосторства,но на долг рок нема да е доволна.

Уште одамна планот на Ахтисари нема повеќе никаква шанса.

Русија по војните со Турците постојано се гледа себе си како заштитничка сила кон Србите.Путин не простува и не заборава дека војната на Косово НАТО ја водеше и покрај руското вето во ОН.Кремљ притиска на натамошни преговори,Американците на брза независност,Европејците се неединствени.На 10 декември, под притисокот од Москва формираната Тројка, составена од Русија,Америка и ЕУ,ќе му го поднесе извештајот на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.Но,никој повеќе не очекува единство.

Што ќе дојде потоа,е предвидливо:еднострано прогласување независност на Албанците на Косово,признавање од Вашингтон,разијдување меѓу Европејците.Дали состојбата статус кво ќе се одржи натаму или на албанското насилство,протерувањата и бегството на Србите ќе следи одговор,со непредвидливо проширување врз соседите,се е можно.Многу малцинства ќе го постават прашањето:зошто на косовските Албанци им е дозволено она што ним им останува забрането.На самитот на Г 8 во Хајлигендам Путин зборуваше за ново прекројување на постосветскиот простор.Над минираните полиња се заканува студена зима.