1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Косово: Без меѓународен притисок за апсење на екстремистите

ЖА/миа16 август 2014

Атифете Јахјага тврди: Немаше меѓународен притисок за апсење на 40-те екстремисти. Косовската претседателка побара од граѓаните да ја осудат исламистичката идеологија спротивна на темелите на кои е градено Косово.

https://p.dw.com/p/1CvnQ
Фотографија: DW/B. Shehu

Косовската претседателка Атифете Јахјага оцени денеска дека неодамнешните апсења на 40 лица осомничени за радикализам и тероризам се извршени поради опасноста која му се заканувала на Косово, објави Танјуг.

Таа во интервју за приштинскиот весник „Зери“ ги отфрли тврдењата дека имало меѓународен притисок за иницирање на акцијата и ги повика косовските граѓани да ја осудат таа идеологија која е против темелите врз кои е градено Косово.

Јахјага смета дека сите се свесни на фактот дека уапсените биле закана не само за Косово, туку оти опасноста била и надвор од внатрешен контекст.

Косовската претседателка истакна дека со апсењето на осомничените е изолорана група на радикални и изманипулирани поединци, за кои има основано сомнение дека стоеле во редот на теорористички групи со цел да преземат терористички криминални акции на Косово и пошироко.