Корупција во европските претпријатија
24 јули 2011Ширум Европа две третини од анкетираните граѓани велат дека корупцијата во нивните држави и понатаму е вообичаена практика. Во Германија дури 45 насто од испитаниците сметаат дека во светот на работењето често доаѓа до корупција. Тоа мислење го делат дури 78 насто од анкетираните членови на управите и менаџерите. Тоа се резултатите од анкетата што ја спроведе претпријатието „Ернст и Јунг“ меѓу 2300 вработении во 25 европски земји.
Се` уште постои голема разлика помеѓу настојувањата во борбата против корупцијата, со кои се фалат многу претпријатија и служби во секојдневието на компаниите. Поради постоечките закони во земјите во кои делуваат одделни претпријатија, ваквиот настап не е безопасен, на пример во Велика Британија и Шпанија. Корупцијата во Германија е помалку проширена, бидејќи очигледно постои поврзаност помеѓу ниската толеранција кон корупцијата и интензитетот на кризата од која биле погодени претпријатијата во странство. Тоа го покажуваат резултатите од Германија, која очигледно подобро ја поминала кризата отколку некои други држави.
Во Европа луѓето го сметаат митото за нормална појава
Додека во Европа 27 насто од анкетираните стравуваат дека уште повеќе претпријатија ќе паднат во финансиски потешкотии, тоа во Германија го сметаат само четири насто од испитаниците. Помал притисок очигледно се огледа и по прашањето на моралот во германските претпријатија. Само три насто од водечките германски менаџери и 12 насто од останатиот персонал смета дека митото е легален начин на ширење на работата. Во 2009 година тоа бил секој четврти. Во Европа митото го сметаат за нормална појава 18 насто од менаџерите и 17 насто од останатите соработници. Со поострите мерила доаѓа и до инаква перцепција на околината. Додека 65 насто од анкетираните ширум Европа смета дека митото е широка појава, во Германија тоа се 45 насто. Само 14 насто од прашаните во Германија забележале мито во сопствената бранша, додека европскиот просек е двојно поголем.
Очигледно е дека во Германија нешто се случило, бидејќи митото и корупцијата не се сфаќаат како неважна, туку многу јасно како криминална работа. Тоа сигурно е резултат и на фактот дека тужителите и судиите, па и јавноста, а на крајот и претпријатијата биле соочени со сериозни последици. Многу претпријатија во меѓувреме поседуваат активна превенција против корупцијата. На пример, во Германија се забележува јасен тренд на подрачјето на тренингот против корупцијата. Дури 15 насто од вработените навеле дека во тековната година го посетиле антикорупцискиот тренинг. Пред две години курсевите ги посетиле 11 насто.
Европската комисија редовни ја проверува состојбата со корупцијата во земјите на ЕУ
Острите мерки против начините на работење кои не се прифатливи очигледно ја оствариле својата цел. Денес 90 насто од Германците сметаат дека обвинителството сериозно го прогонува кршењето на правилата врзани за корупцијата. Околу тоа прашање Германија се наоѓа на третото место, а предводи Норвешка. Меѓу петте најдобри се наоѓаат уште Шведска, Швајцарија и Велика Британија. Меѓу најлошите држави по тоа прашање се наоѓаат Русија, Чешката Република, Хрватска, Украина и Ирска.
Поради тоа, по израчувањето на Иво Санадер, Хрватска оценува дека тоа ќе биде процес на векот поради оптужбите за корупција. Лоши оценки за борбата против корупцијата од Европската комисија доби Бугарија, додека Романија забележала напредок. Европската комисија и натаму го надгледува напредокот и зрелоста на членството на овие две земји членки кои во ЕУ влегоа во 2007 година. Комисијата редовно ги проверува резултатите во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
Автор: Ален Леговиќ / Бисера Огњановска-Митров
Редактор: Жана Ацеска