1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Меркел бара построги мерки во Германија

БГ /АФП
9 декември 2020

Германската канцеларка денеска во парламентот пледираше за построги ограничувања на јавниот живот и апелираше до своите сограѓани да ги намалат социјалните контакти.

https://p.dw.com/p/3mVKx
Deutschland l Bundestag, Haushaltswoche - Rede von Kanzlerin Merkel
Фотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Германија оди кон уште построги ограничувања на социјалниот живот, откако бројките на новозаразени од коронавирусот наместо надолу, упорно одат нагоре, и покрај делумниот локдаун воведен уште на 2 ноември.

„Се наоѓаме во одлучувачката, веројатно клучната, фаза од борбата со пандемијата“, рече Меркел во парламентот. „Бројките се премногу високи“, порача канцеларката, оценувајќи ги како „многу алармантни“ растечките бројки на луѓе на кои им е потребна интензивна нега или завршуваат со смртни случаи. 

-повеќе на темата: Ќе го прифатат ли Германците новиот делумен „локдаун“?

Бројот на починати од Ковид-19 во средата достигна највисоко дневно ниво. За 24 часа од коронавирусот починале 590 луѓе, а зголемен е и бројот на новоинфицирани во споредба со истиот ден претходната недела. Здравствените власти регистрираа 20.815 случаи, или 3.500 повеќе отколку во среда минатата недела.

Меркел постојано бара построги мерки во борбата со коронавирусот, но честопати мораше да се задоволи со помалку затоа што конечната одлука ја носат покраинските власти во децентрализираната држава. 

-повеќе на темата: Коронавирус: На Германија и претстои долга, тешка зима

Во моментов, во Германија се затворени рестораните, баровите и спортските објекти, но училиштата и не-есенцијалните продавници остануваат отворени.

Меркел посочи дека националната академија на науките во вторникот им препорача на граѓаните да ги намалат социјалните контакти, а од 24 декември да се воведе строго ограничување се до 10 јануари.
„Треба сериозно да го сфатиме тоа што ни го велат научниците“, рече Меркел, додавајќи дека очекува да се затворат училиштата пред Божик.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема