Конфликтот во Сомалија се заострува
26 декември 2006Конфликтот во Сомалија натамошно се заострува , откако Етиопија им објави војна на исламистичките милиции во земјата и го бомбардираше аеродромот во главниот град на Сомалија, Могадишу кој е под нивна контрола. Авејс Јусуф , новинар од Сомалија информираше за ситуацијата во Могадишу за африканската програма на ДВ :
” Ситуацијата тука во главниот град е напната . Некои луѓе започнаа да бегаат бидејќи се плашат од нови бомбардирања ма етиопската армија”
Инаку етиопија ја подржува преодната влада на Сомалија , која се повеќе ја губи контролата над земјата . Исламистичките милиции во моментов како што се смета контролираат 80 проценти од територијата на Африканската земја.
Африканската Унија побара итно запирање на насилството во Сомалија . Претседателот на Унијата Алфа Умар Конаре ги повика исламистичките милиции и преодната влада во земјата , да ги запрат борбите и да се вратат на преговарачката маса
Европската Унија ја осуди ескалацијата на насилството и предупреди од можно проширување на борбите во целиот регион околу рогот на Африка . Притоа еврокомесарот за развојна помош Луи Мишел изрази и загриженост поради вклучување на етиопската армија во борбите.