Конференцијата заглавена, излез...нема?
17 декември 2009Едната група ги претставува земјите на Протоколот од Кјото, кој предвидува обврзувачки редукции на издувните гасови, но кој САД не го имаат потпишано. Втората група ќе работи врз основа на Конвенцијата за климата од Рио Де Жанеиро од 1992 година, која ги опфаќа сите земји, но во која нема обврзувачки одредби.
Данска (17.12.09), како домаќин на конференцијата, е цел на остри напади на земјите во развој. САД и Кина, кои се најголеми загадувачи во светот, не бележат придвижување во обидите за постигнување договор за климата.
ЕУ е загрижена
Европската унија попладнево изгрази загриженост поради слабиот напредок на конференцијата, а шведското претседателство со Унијата ги повика сите земји учеснички да отидат до „крајната граница на нивната флексибилност“ за разговорите да можат да продолжат. И претседателот на Европскиот парламент, Јежи Бузек, побара придвижување, но околу успехот на конференцијата е повеќе од скептичен. „Времето работи против нас“, изјави Бузек.
Раководителот на Секретаријатот на ОН за климатски промени, Иво де Бур, и покрај се‘, зборува за напредок кој охрабрува. „Сега ни‘ е јасно како натаму“, изјави тој, предупредувајќи дека до пленарната седница на шефовите на држави и влади остануваат уште неколку часа. „Се надеваме дека од нив ќе дојдат свежи идеи“, рече де Бур.
Вреди ли да се дојде?
Околу десет илјади делегати од 192 држави речиси две недели преговараат за нов Договор за климата, кој би требало да го замени Протоколот од Кјото. Длабокиот јаз меѓу земјите во развој и индустриските земји, како и обвинувањата упатени до данското претседателство со конференцијата дека се ставило на страна на индустриските држави, ја блокираа конференцијата во изминатите денови. Надежите се полагаат во шефовите на државите, особено во кинескиот премиер Вен Џиабао и американскиот претседател Барак Обама. Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон најави дека Обама можеби, сепак, нема да дојде во Копенхаген. „Се надеваме дека ќе има нешто, за што вреди да се дојде“, изјави таа.
Автор: ЕМФ/ТТ/дпа/афп/апд
Редактор: Александра Трајковска