1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кое решение за Косово е најдобро?

4 септември 2007

Еве што во денешното издание на весникот “Тагеспост“ предлага почесниот претседател на Паневропската унија, Ото фон Хабсбург

https://p.dw.com/p/BbJT
Ото фон ХабсбургФотографија: DW

Во авторскиот текст под наслов “Решение на Косово“, Ото фон Хабсбург, меѓу другото пишува:

“Тито направи обид да најде решение. Но, тој немаше можност да успее зашто не се осмелуваше, поради српските сили, на населението да му обезбеди право на самоопределување. Решение што беше сосема вештачко и кое можеше да ги задоволи само српските националисти, а не и легитимните жители на Косово.

Мисијата на финскиот политичар Ахтисари беше прв чекор во вистинската насока. Сепак, и Ахтисари под меѓународен притисок не го оствари она со што би се добило трајно мирно решение на проблемот.

Слабоста на актуелната ситуација е следна – на запад се прават очајнички обиди Србите да се доведат во ЕУ и истовремено да се разводни признавањето на правото на Косоварите на самоопределување.

Западот и ОН се исправени пред недвосмислен и за сите јасен избор. Очигледно е дека Русија стои зад српските барања. Ако ЕУ и САД тука попуштат, тогаш би се направил гнил компромис и би се случила војна. Значи, зачувувањето на мирот зависи од енергијата на западот. Во текот на новопочантите преговори сигурно ќе има татнежи од страна на Москва и Белград. Притоа треба да се имаат предвид зборовите на британскиот државник, Винстон Черчил, кој во парламентот по склучувањето на еден од договорите меѓу западните сили и Хитлер, обраќајќи му се на премиерот Чембрлејн, викнал: “Можевте да бирате меѓу нечесност и војна. Ја избравте нечесноста и сега ќе се соочите со војна.““